На 11 Maj 2019 година,на платформата на Меѓународното јавно движење АЛЛАТРА се одржа меѓународната видео-конференција „ОПШТЕСТВО. ПОСЛЕДНА ШАНСА“. Глобална видео-конференција, во која учествуваа луѓе од повеќе од 140 земји во светот, се собраа во огромни сали, и преку Интернет колективно покренаа итни проблеми на општеството.
Поточно, беше речено дека потрошувачкиот формат на интеракција во светот денес веќе го загрозува самиот живот на сите луѓе, постојаното збогатување на некои со брзо осиромашување на другите на крајот доведува до самоуништување на целото човештво. И луѓето решија дека за да се спречи ова, потребно е во меѓународен формат да се постави ограничување на капитализацијата на човекот.
Капитализацијата значи збир на сите средства што ги поседува лицето: инвестиции во недвижнини, акции, банкарски сметки и слично. Односно, беше одлучено луѓето заедно да постават единствена граница изразена како износ, што капитализацијата на едно лице не може да го надмине. И кога сумата ќе ја надмине оваа граница — лицето може да продолжи да заработува пари, сепак, сето тоа ќе оди кон потребите и развојот на општеството. Cега ние спроведуваме социјална анкета во различни земји во светот за да го дознаеме мислењето на меѓународната заедница, кој треба да биде овој лимит.